Нашата единствена цел е да создадеме сигурни и безбедни возачи од своите кандидати, да се стекнат со потребното знаење и вештини за правилно ракување со возилата на моторен погон и успешно полагање на возачкиот испит.
Автошколата има вработено стручен кадар во редовен работен однос за спроведување на наставниот план и програма за оспособување на кандидати за возачи од теоретски и практичен дел.
Располагаме со стручен раководител, предавач за теоретска настава, возачи-инструктори.